Виетнам евакуира 80 000 луѓе, најмногу домашни туристи, од познатото туристичко место Да Нанг, откако во саботата беа потврдени три случаи на ковид-19, пренесува „Ројтерс“. Уште три нови биле потврдени вчера, а соопштението за евакуацијата од властите е објавено денеска.
Новозаразени со коронавирус немаше од април.
Евакуацијата ќе трае најмалку 4 дена, а виетнамските власти организираат и летови за да ги вратат граѓаните дома. По враќањето, туристите ќе мора да седат во самоизолација 14 дена.
Во текот на пандемијата во Виетнам беа спроведувани строги мерки и беа потврдени 420 случаи на заразени и според официјалните статистики нема ниту еден смртен случај.