Според последните податоци, бројот на повредени е зголемен на 46, а евидентирана е и огромна материјална штета
Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер ја погоди во 4:08 часот по локално време западна Турција во близина на градот Дузча, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.
Тресењето беше доволно силно за да се почувствува прилично во Истанбул и главниот град Анкара.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од силниот земјотрес, а меѓу нив е и она каде што оваа катастрофа го затекна водителот во програма во живо. За среќа, тој успеа да ја задржи својата ладнокрвност и да остане професионален.
TGRT haber spikerinin deprem esnasında canlı yayındaki soğukkanlılığı ekranlara böyle yansıdı. pic.twitter.com/hgYwpZmY32#Sondakika #Haber #Haberler #Turkiye
— Son Dakika Haberleri (@bitciholding) November 23, 2022
Според последните податоци, бројот на повредени е зголемен на 46, а евидентирана е и огромна материјална штета.