Украинскиот врв денеска потпиша заедничка декларација за поддршка на пристапот на Киев во ЕУ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина треба да ѝ се приклучи на ЕУ што е можно поскоро, како и дека процесот „не смее да трае со години“.
„Денеска потпишуваме заедничка изјава, која е сигнал за единството на сите гранки на власта и доказ за нашата одлучност да ја постигнеме стратешката цел на Украина – полноправно членство во Европската унија.Потпишувањето на оваа изјава треба да значи исто како и потпишувањето на апликацијата за влез на петтиот ден од војната. Ни требаа 115 дена да стигнеме до кандидатурата. Патот до членството не треба да трае со години, децении. Мораме брзо да го надминеме тој пат“
напиша Зеленски на Телеграм.
Мати Маасикас, амбасадорот на ЕУ во Украина, го опишa ова како доста емотивен момент за неговата земја и објави видео на Твитер.