Зеленски, исто така, го покани Доналд Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател вети дека може да ја заврши војната меѓу Русија и Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран на изборите следната година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опцу рускиот лидер Владимир Путин за време на гостувањето во емисијата „Мит д прес“ (Meet the Press) на американскиот телевизиски канал Ен-би-си њуз. Тој рече дека Украинците не се подготвени да ја предадат својата слобода на „е**ниот терорист“ Владимир Путин.
„Имам многу сила, но дури и да се чувствувам силен и имам многу енергија, тоа не значи дека сакаме да се бориме цел живот бидејќи цената е висока, како што реков. Затоа што војната го зема најдоброто од нас, најголемите херои, најдобрите мажи, жени, деца. Тоа е тоа. Но, ние не сме подготвени да му ја дадеме слободата на овој е**н терорист Путин. Тоа е тоа. Затоа се бориме“,
рече тој.
President Zelensky calls out “fucking terrorist” Putin! ???❤️?????? pic.twitter.com/JxEgOsY7u5
— Matt Girvin ?????? (@GirvinMatt) November 6, 2023
Зеленски, исто така, го покани Доналд Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател вети дека може да ја заврши војната меѓу Русија и Украина во рок од 24 часа, доколку биде реизбран на изборите следната година.
„Поранешниот претседател Трамп рече дека за 24 часа може да го реши ова и да стави крај на војната… Така што и тој е добредојден. Претседателот Бајден беше тука и мислам дека разбра некои детали што можете да ги разберете само додека сте тука“,
истакна украинскиот претседател.
Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути за да му објаснам на Трамп како не може да управува со оваа војна во таа временска рамка, продолжи Зеленски.
„Тој не може да донесе мир поради Путин “,
дециден беше тој.
Зеленски не е сигурен дали Трамп ќе ја поддржи Украина доколку биде реизбран.