Одговорот на Заев беше по соопштението што го објави бугарското МНР вчера, кое се однесуваше на тоа како Бугарија постапила вчера во Луксембург, но во еден дел содржеше неколку работи за кои беше наведено дека Бугарија ги продолжува консултациите, но очекува Северна Македонија да започне „во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво од 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока“
Потврдивме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјите и дека обострано не се мешаме во малцинските права, ја потврдивме Декларацијата од 2006 година од македонскиот парламент во која се осудуваат жртвите од 1945 до 1990 година и декларација со која ги јакнеме нашите пријателски врски, дека имаме два слични, но различни и меѓународно признати јазици, дека веруваме оти имаме заедничка историја и дека има луѓе што веруваат дека сме припадници на ист народ, како што има и други што веруваат дека сме посебни народи.
Вака премиерот Зоран Заев објасни што било потврдено со бугарските власти за време на посетата на Софија на 17 јуни, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
Заев рече дека за времена посетата на Софија, всушност, ја исполниле обврската од предлогот на португалското претседателство да достават патоказ со конкретни датуми и обврски на институциите во буквално сите области на соработка.
Не го отворивме прашањето на идентитетот и јазикот, тоа не го стори ниту бугарската страна. Драго ми е што е така и нема да дозволиме тоа да се случи, рече Заев.
Денешното прашање до Заев беше по соопштението што го објави бугарското МНР вчера, кое се однесуваше на тоа како Бугарија постапила вчера во Луксембург, но во еден дел содржеше неколку работи за кои беше наведено дека Бугарија ги продолжува консултациите, но очекува Северна Македонија да започне „во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво од 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока“.
„Ова вклучува експлицитно откажување на Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи/споменици кои влеваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процесот за рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизмот репресирани заради бугарската самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира спроведувањето на Договорот за добрососедство од страна на Република Северна Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје кон ЕУ “,
се вели во соопштението во кое се пренесува изјавата на заменик-министерот Румен Александров кој вчера бил во Луксембург.
На почетокот на прес-конференцијата, Заев го изрази разочарувањето од вчерашниот исход од Луксембург.
„Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа има проблем, а проблемот е самата ЕУ. Брисел порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка. Тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ“,
рече Заев.
Тој на крајот кажа дека посетата на Софија минатата недела нема да биде последна како обид да се реши спорот со Бугарија.
„Тие што ме нзаат, знаат дека не се откажувам. А тие што не ме знаат нека знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија повторно и повторно и ќе барам решение. И ние во таа цел ќе успееме. С Македонија е Европа. Албанија е Европа. Балканот е Европа“,
рече на крајот Заев.
Во заедничката изјава, албанскиот премиер Еди Рама, пак, порача дека тоа што се случува во однос на (не) отворањето на преговорите, за него не е ништо друго освен потфрлање на самата ЕУ да си го одржи зборот.
„Европската Унија може да одреди задачи за интеграцијата, може да одреди рокови за овие задачи, може да одреди датуми. Но, ЕУ не може да ја одреди ниту нашата местоположба среде Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, во европски држави, со политички, институционални, економски европски стандарди. Албанија го направи својот избор уште во времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди повторно својот избор уште од ерата на националната преродба. За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа. За мене, всушност, во оваа точка имаме една непроблематична разлика со Зоран, бидејќи, за мене не се случи ништо друго, освен тоа што ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на ангажманот и да биде на вистинскиот став“,
рече Рама.