Македонскиот премиер Зоран Заев се пошегува со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. На почетокот на средбата на двете делегации на Самитот во Познањ, разговарајќи неформално, Борисов го прашува Заев, „како е во Скопје?“. Министерот за надорешни работи, Никола Димитров кусо коментира дека е „многу жешко“, додека Заев додава дека „Иако сме Северна Македонија, пак е 40 степени“, велејќи му дека претпоставува оти и во Софија е слично времето.
Бугарскиот премиер му одговори на Заев дека претходните 2-3 дена бил во Брисел и не ја почуствувал жегата.
Двете делегации, македонската и бугарската учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Скопје и Софија наредната година ќе бидат домаќини на овој Самит кој е во рамки на Берлинскиот Процес. столици.
Видеото од разговорот, на својот фејсбук-профил го објави бугарскиот премиер Бојко Борисов.