Плоштадот во Тетово, ноќта кога се објавуваа резултатите од вториот круг на локалните избори, се исполни како ретко кога. По два мандата на Теута Арифи, општината доби нов шеф – лидерот на движењето БЕСА, Биљал Касами. Според сто насто изброени гласови тој доби 21 591 или 54,84 отсто, а Арифи 16 542 гласа или 42,02 отсто.
Не помина ниту час и половина од затворањето на гласачките места, а во седиштето на движењето БЕСА прогласија победа. Оваа објава беше доволна провокација атмосферата да зоврие пред партиското седиште. Оттука прославата се прелеа по улиците што водат кон градскиот плоштад, а таму – зурли, тапани, огномет…
Повеќе за атмосферата на изборната ноќ во Тетово погледнете во видеото.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: (ВИДЕО) Зурли во ВМРО-ДПМНЕ, солзи во СДСМ – репортажа од изборната ноќ во Скопје