Властите побараа од граѓаните да се јават доколку имаат исчезнат член на семејството кој патувал во областа во понеделникот наутро. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, рече дека се моли за загинатите и повредените во несреќите
Најмалку седум лица загинаа вчера во серија сообраќајни несреќи на меѓудржавниот автопат 55 во Луизијана во кои учествуваа најмалку 158 возила, соопшти државната полиција. Повеќе од 25 лица се пренесени во болниците со повреди кои варираат од полесни до критични, додаде полицијата во вечерното соопштение за печатот.
Метеоролозите претходно соопштија дека супермагла ја зафатила областа западно од Њу Орлеанс околу времето на несреќата. Супермаглата е густа магла која се развива во влажни услови и може да ја намали видливоста на помалку од десет метри, соопшти Националната метеоролошка служба.
🚨#BREAKING: Hazardous Dense Fog mixed with Smoke has Cause a Catastrophic 25+ Vehicle Pileup with Multiple Injuries and Fatalities
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) October 23, 2023
📌#Manchac | #Louisiana
Currently, Numerous emergency personnel and other authorities are on the scene to a significant vehicle pileup occurring… pic.twitter.com/TaiVV1P9Fb
Комбинација од густа магла и чад пожарите
Властите објаснија дека некои возила се запалиле по првата несреќа. Едно од возилата вклучени во несреќите е цистерна што превезувала опасна течност, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцата.
„По отстранувањето на цистерната, службите за прва помош ќе можат подобро да ги проценат возилата во непосредна близина. Можно е да се пронајдат дополнителни жртви“,
соопшти синоќа полицијата, пренесе Си-ен-ен.
Властите побараа од граѓаните да се јават доколку имаат исчезнат член на семејството кој патувал во областа во понеделникот наутро. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, рече дека се моли за загинатите и повредените во несреќите.
„Комбинацијата од огнен чад и густа магла е опасна и сакам да ги охрабрам сите жители на Луизијана во погодените области да бидат исклучително внимателни додека патуваат“,
напиша Едвардс на Икс.
NEW ORLEANS (AP) — Officials say at least 7 killed in massive vehicle crashes in Louisiana due to ‘Superfog.’pic.twitter.com/W3n6hdiYM0
— philip lewis (@Phil_Lewis_) October 24, 2023
„Ситуацијата е прилично лоша“
„Исто така, сакам да им се заблагодарам на првите лица кои реагираа и медицинскиот персонал кои работат толку вредно за да спасат животи и да пружат помош. Најдобриот начин на кој можете да им помогнете, освен да бидете внимателни на патот, е со дарување крв во вашиот локален центар. Тоа ќе помогне да се надополнат резервите што се трошат денес за згрижување на повредените“,
продолжи тој.
Локалниот шериф Мајк Трегре изјави дека три камиони со 18 тркала се судриле на северните ленти и биле целосно зафатени од пламен. Пријавени се два судири на повеќе автомобили на југ, од кои еден се запалил. Трегре објасни дека спасувачите морале да тргнат пеш бидејќи несреќите целосно ја затвориле областа.
„Ситуацијата е мошне лоша“,
нагласи тој.
Неверојатно густата магла, позната како супермагла, е предизвикана од магла во комбинација со чад од блиските пожари. Луизијана од летото се бори со невидени шумски пожари, екстремни горештини и немилосрдна суша. Екстремната суша, највисоката категорија што ја следи американскиот монитор за суша, е присутна во 62 отсто од територијата на државата.