Според информациите од кинеските медиуми, 71 лице биле евакуирани. Од видеата што се појавија, се гледа дека за да се спасат, лицата излегле и седеле на клима-уредите
Во пожар во болница во главниот град на Кина, Пекинг, загинаа 21 лице, објавија кинеските медиуми.
Пожарот избувнал околу 13 часот, а бил изгаснат по 30-ина минути, а во спасувачката акција се евакуирани вкупно 71 лице.
„Трагично е. Несреќата ја гледав од прозорецот на мојата куќа. Многу луѓе стоеја на клима-уредите напладне, а некои дури и скокнаа“,
изјавил очевидец, пренесува Ројтерс.
Како луѓе седат и стојат на клима-уредите се гледа и на видеоснимките кои кружат на социјалните мрежи, на кои исто така може да се види и како излегува црн чад од прозорците.
Причините за пожарот засега не се познати.