Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации
Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника., по што дојде и до серија експлозии.
Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда и зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации.
„Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии“,
изјави очевидец на пожарот за агенцијата ТАСС, додавајќи дека пожарот од магацинот се проширил и на соседната зграда.
Противпожарните екипи пристигнале на лице место, но побарале дополнителни единици, бидејќи пожарот е надвор од контрола.