Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува Беким Сали – прв вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на Влен, се емитува вечерва (22 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Среде преговорите за реконструкција на Владата и на истекот на првиот грејс-период за исполнување на обврските од Реформската агенда, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Беким Сали – прв вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на политичката партија Влен. Разговараме за можните ротации на ресори меѓу партнерите во власта и за потенцијалните кадровски промени. Сè е отворено, вели Сали прашан дали тој може да го преземе ресорот Здравство каде во моментов шефува неговиот сопартиец Азир Алиу. За Првада, каде министерува Игор Филков, кадар на ЗНАМ, вицеперемиерот Сали вели: „Очекувано е таму да има некоја промена којашто ќе рефлектира повеќе ангажман“. Разговараме и за неколку меѓуетнички теми на кои ДУИ жестоко ја критикува Влен, блокираниот европски процес и обврските од Реформската агенда (особено оние за кои грејс-периодот за исполнување завршува на 30 јуни годинава).
Емисијата почнува од 20:15 часот на МРТ 1.
