Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостуваат лидерите на двете најголеми партии и претенденти за премиерското место, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, се емитува вечерва (29 април 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Продолжуваме во предизборен стил. Пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори закажани за 8 мај, во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, во посебни интервјуа, гостуваат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски. Зошто, без да го почека резултатот од парламентарните избори, ја избра коалицијата на опозициски партии на Албанците „Вреди“ за партнер во влада и дали ако коалицијата на ДУИ има поголем број пратеници од „Вреди“, нејзино изоставање од владата ќе значи потценување на гласот на Албанците – се некои од прашањата упатени до Мицкоски. Ковачевски, пак, го прашуваме – со оглед на повиците до граѓаните уште еднаш да размислат за кого ќе гласаат на 8 мај, зошто мисли дека не размислиле добро пред да се изјаснат на 24 април и зошто не го критикуваше однесувањето на некои функционери на ДУИ додека беше премиер, туку тоа го прави сега.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.