Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (12 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание:
– „Електра солушнс“, една од фирмите во надзорот над „Бехтел и Енка“, во рекордно време ја добила неопходната лиценца од Министерството за транспорт – потврдуваат документите до кои дојдовме по неколкумесечни преписки со ресорот со кој раководи Благој Бочварски;
– Сторија за дивоградба на државно земјиште во Гази Баба која не ја урна претходниот градоначалник од СДСМ, а за која бега од коментар и актуелниот шеф на Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ;
– Кој гради на диво и им го нарушува мирот на станарите на Пензионерскиот дом во Чаир;
– Дискриминација врз основа на родов идентитет постои, но ретко се пријавува; Светска банка пресмета дека исклучувањето на ЛГБТИ-лицата од пазарот на трудот државава ја чини 80 милиони долари годишно;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.