Градските власти ги предупредија жителите доколку можат да останат во затворени простории, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја
Силно невреме со ветар, дожд и град, денеска ја зафати Москва што доведе и до оштетување на ѕидот на Кремељ.
Од ураганскиот налет не издржаа скелињата поставени на ѕидовите на Кремљ кои се урнаа на Црвениот плоштад, а при падот оштетија дел од ѕидовите.
„Во тек се работите на реставрација на делот од ѕидот од кулата Спаска,кои беа прекинати поради силниот ветер“,
изјави началникот на секторот на Федералната служба за безбедност, Денис Симонов.
Ветрот уриваше и дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.
Градските власти ги предупредија жителите доколку можат да останат во затворени простории, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.
Како што пренесува агенцијата ТАСС, затворени се и приодите од соседните улици кон Црвениот плоштад, а се огласија и властите наведувајќи дека тој е затворен поради уривањето на скелињата.
❗️🇷🇺 Because of the strong wind, the battlements on the Kremlin wall were damaged, no one was hurt – FSO.#Russia pic.twitter.com/BOGUFAc6Lv
— 𝐁𝐡𝐚𝐛𝐚𝐧𝐢 𝐒𝐚𝐧𝐤𝐚𝐫 𝐉𝐞𝐧𝐚 (@Bhabanisankar02) October 22, 2021
Ова не е првпат ветер да го оштети московски Кремљ.
Во јуни 1998 година беа паднати околу 200 дрвја и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 година делумно беше отстранет покривот од палатата на Сенатот.
Реновирањето на ѕидот на Кремљ, кој се состои од 20 кули, а бил изграден од италијански архитекти на крајот на 15 век, трае веќе неколку години.