Гувернерот Рон Десантис во средата навечер изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“
Ураганот Ијан вчера ја зафати Флорида, придружен со силни ветрови и обилни врнежи од дожд кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ американската сојузна држава.
Брод со мигранти, кој се нашол на патот на ураганот во близина на еден од островите познати како Кијз, потона во бура, а крајбрежната стража сè уште трага по 20 луѓе, откако спаси тројца, а четворица успеаја да допливаат до брегот.
Со постојани ветрови од 185 км/ч, Ијан пристигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по европско).
Според Националниот центар за урагани на САД (НХЦ), ураганот предизвика катастрофални поплави и, иако
сега е ослабен до ураган од трета категорија, сепак има разорна моќ.
Домаќинства во темнина
Околу два милиони дома во Флорида од синоќа се без струја, повеќето од нив во близина на патеката на ураганот, објави специјализираната веб-страница „Пауер аутиџ“.
Неколку окрузи во близина на местото каде што Ијан пристигна на копно се речиси целосно без струја.
Така, Пунта Горда, еден од најсилно погодените градови, е целосно во темнина. Во текот на ноќта биле осветлени само неколку згради опремени со генератори.
Во налетот на ураганот со силен ветер и пороен дожд, откорнати се делови од покриви, дрвја и сообраќајни знаци. Некои града на Флорида се целосно под вода, а автомобили биле однесени од поројот. Во градот Форт Мајерс поплавите се толку големи што некои населби се како езера.
#BREAKING: “Extremely dangerous Category 4” #HurricaneIan makes landfall along southwestern coast of #Florida near Cayo Costa.
— George Solis (@GeorgeSolis) September 28, 2022
Ian’s maximum sustained winds were estimated to be near 150 mph.
Светот го обиколија и сцените од бродови кои пловат по улиците на Флорида.
Boats floating on the streets, homes submerged in the Storm Surge#Ian #FLwx #Florida #HurricaneIan #Hurricane #FortMyers #LeeCounty #Viral #Climate #Rain #Storm #Tornado #Tropicswx
— Earth42morrow (@Earth42morrow) September 28, 2022
VC: Shannon Orlandini pic.twitter.com/IP8gpHr4rJ
Ураганот во текот на денот треба да се пресели понатаму во внатрешноста на копното и да дојде над западниот Атлантик в четврток навечер.
Поминувајќи на копно, ураганот треба да ослабне, но сепак може да предизвика значителна штета додека не стигне до источна Флорида, предупредуваат метеоролозите.
Гувернерот Рон Десантис во средата навечер изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“.
„Ова е бура за која ќе се зборува уште многу години“,
рече директорот на Националната метеоролошка служба Кен Греам на прес-конференција.
Ураганот Ијан ја погоди Куба во вторникот, при што загинаа две лица и предизвика прекин на снабдување со електрична енергија.