Еден од пациентите на Клиниката за детски болести, малиот Ајан го победи ракот. Оваа информација на својот Твитер профил ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! <3“,
напиша на својот Твитер налог министерот Филипче.
Тој упати голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои според него, го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили.
„Горд сум на вас!“
им порача Филипче на своите колеги од детската клиника.