Во тензична атмосфера, собранието на Црна Гора синоќа по полноќ го усвои законот за верските заедници за кој просрпската опозиција смета дека ќе значи одземање на имотот на Српската православна црква во таа земја.
Премиерот Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата, а опозициските пратеници биле уапсени.
Претходно стотици приврзаници на просрпската партија Демократски фронт протестираа во Подгорица, а полицијата постави метални бариери за да спречи евентуален нивен обид да влезат во парламентот. Демонстрантите се против законот бидејќи се бара од верските заедници да покажат доказ оти уште пред 1918 година го поседуваат имотот. Доколку не докажат, црногорската држава ќе стане сопственик на верските објекти.
Опозициската пратеничка Марина Јочиќ го сними почетокот на инцидентот во црногорскиот парламент, која вели: „Ако треба, и во смрт за црквата“.