Во неделата неколку деца паднаа низ замрзнато езеро во близина на Бирмингем, Англија. Властите велат дека инцидентот се случил кога децата си играле на мразот во Бабс Мил Парк
Десетгодишно момче трагично загина додека се обидувало да спаси уште тројца пријатели кои паднале низ замрзнатото езеро Бабс Мил. Џек Џонсон, според неговото семејство, скокнал во леденото езеро без да размислува за сопствената безбедност откако ги слушнал вресоците на децата што паднале во водата, пишува „Мирор“.
Спасувачките служби од езерото извлекле четири деца на кои им бил констатиран срцев удар и веднаш биле пренесени во болница. Меѓутоа, подоцна беше објавено дека заедно со Џонсон починале и двете деца шти се обидел да ги спаси, на возраст од 11 и осум години. Третото дете на шестгодишна возраст сè уште е во критична состојба. Наредникот Ричард Харис од полицијата на Вест Мидлендс рече дека еден полицаец со голи раце го пробил мразот за да ги спаси момчињата.
Во неделата неколку деца паднаа низ замрзнато езеро во близина на Бирмингем, Англија. Властите велат дека инцидентот се случил кога децата си играле на мразот во Бабс Мил Парк. Во неделата навечер, Ричард Стентон, шеф на противпожарната служба на Вест Мидлендс, изјави дека по пристигнувањето им било кажано дека во езерото има до шест лица.
Полициски екипи синоќа продолжија да го пребаруваат езерото за други можни жртви. Но, Харис рече дека други деца не се пријавени за исчезнати. Службите за итни случаи соопштија дека биле повикани на местото на настанот во 14:30 часот во неделата, а првото возило пристигнало за седум минути по повикот.