Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, објави видео во кое кажува гатанка пред Министерството за политички систем, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби.
„Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат, провизии на лист шпартан, пресметува везден….
се наведува во објавата на Стоилковски.
Инспирира субјектот вдомен во зданието со најбројна администрација“
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го обвинуваа Груби за повеќе нелегални активности, а објавија и дека неговиот брат купува дуќан од половина милион евра на улица „Македонија“ додека неговата фирма четири години работи со загуба.
Груби, пак, на ваквите обвинувања одговараше дека не е поврзан со бизнисот на неговиот брат, но дека она што го знае е оти имотот е купен со хипотекарен кредит.