Снимката е од една од салите во кои биле донесени млади момчиња за регрутација
Видео кое се појави на социјалните мрежи покажува дека „делумната мобилизација“, како што ја најави рускиот претседател Владимир Путин е многу понасилна отколку што се прикажуваод руските власти, покажува. Снимката е од една од салите во кои биле донесени млади момчиња за регрутација.
„Зошто врескаш како некоја жена? Затворете ја устата и однесувајте се како што треба! Зошто се дереш? Зошто ти се викаш“,
им вели со повишен тон еден од задолжените за регрутација.
"Why are you screaming like women?!?! Shut your mouths!!!" pic.twitter.com/3YLu2W0WgO
— Dmitri (@wartranslated) September 23, 2022
Откако толпата малку се смири, службеникот им кажува дека треба да сфатат дека сега се војници.
„Тоа е тоа. Играта заврши. Сега сте сите во војска. Тука сте три дена, па летате, па уште две недели тренинзи“,
им вели тој и додава дека до крајот на „специјалната операција“ ќе земаат редовни плати.


После тоа се создава гужва, а некој од присутните прашува што ќе биде со нивните работни места.
„Никој нема да ве отпушти на работа. Вашето работно место и вашата работа се безбедни“,
ги уверува службеникот.
Ова видео предизвика многу негативни коментари од корисниците на социјалните мрежи.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември најави делумна воена мобилизација во Руската Федерација бидејќи земјата се соочува со продолжен конфликт во Украина и областа Донбас. Во делумната мобилизација треба да бидат вклучени околу 300 илјади резервисти.