Од Центарот за сообраќај и информации предупредуваат дека има одрони на одредени делници од патните правци
Многу силно невреме со обилни врнежи, ветер и град го погодил западот на Словенија. Делови од земјата останале без струја, а вода влегла во некои продавници, јавува 24ур. Невремето потоа се движело кон долината Випава и Горишка. Во Ајдовшчина паднал град со големина на јајце.
Силно невреме претходно го зафатило и крајбрежјето. Поради краткотраен обилен дожд, водата поплавила улици во Изола. Водата навлегла во некои дуќани, а поплавен е и плоштадот „Прешернов“, јавува 24ур.
Од Центарот за сообраќај и информации предупредуваат дека има одрони на одредени делници од патните правци. Невремето продолжува да се движи кон север кон Горење, па бидете внимателни, предупредува „Метеоинфо Словенија“.
„Подоцна, невремето и врнежите ќе се преселат на исток“,
додаваат оттаму.
Во близина на Ровињ рано денеска е снимена голема пијавица, а видеото го објави порталот Истрамет. Глетката на масивна пијавица на море ја снимиле бројни граѓани и туристи, а засега нема информации за штети.