Во Пула и во Умаг ветрот корнеше дрвја и носеше покриви, а во Загреб пожарникарите интервенирале 34 пати
Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено и едно лице откако врз неговиот автомобил паднало дрво.
Во Далмација ветрот дуваше со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов аларм, а за Велебитскиот Канал поради бурата објавен е црвен метеоаларм.
Во Пула и во Умаг ветрот корнеше дрвја и носеше покриви, додека во Сплит пожарникарите го расчистуваат хаосот што го предизвика невремето.
И Загреб синоќа беше погоден од невремето, а пожарникарите интервенирале 34 пати.
За попладне во Истра се најавува смирување на бурата и постепено нормализирање на времето.