Околу 250 000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција, Холандија и Белгија.
Ветрот носеше покриви, дрвја и направи огромна штета, па пожарникарите имаа полни раце работа.
Локалните медиуми објавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силните ветрови рано наутро корнеа покриви и дрвја, пренесува АП.
Бурата најпрво го погоди атлантскиот брег во близина на Велика Британија во средата попладне, а потоа се премести на исток во текот на ноќта.
Француската метеоролошка служба испрати објави метеоаларм за северозападниот дел на земјата, кој се граничи со Белгија и Луксембург. Ветрови со брзина до 175 километри на час го погодија нормандискиот град Фекамп, соопшти метеоролошката служба. Железничкиот сообраќај е во прекин во регионите Нормандија и Шампањ-Арден, како и во некои делови на регионот на Париз.
Пожарникарите во белгискиот град Вестерхок, во близина на холандската граница, објавија на Твитер дека добиле десетици повици во текот на ноќта, за да помогнат во санирање на штетите предизвикани од временските услови.
#storm #hurricane #tornado in Gelderland – #Netherlands pic.twitter.com/sq82KT3mWI
— Aleksander Onishchuk (@Brave_spirit81) October 21, 2021
Германската национална метеоролошка служба предупреди дека ветровите ќе достигнат брзина до 105 километри на час на северот и североистокот од земјата, и до 120 километри на час во планинските области. Во северозападна Германија, врз маж во Делменхорст паднала гранка во средата вечерта, но минал со полесни повреди.
Во текот на ноќта товарен воз налетал на стебло во Бад Годесберг, предградие на Бон. Две берлински зоолошки градини биле затворени во текот на денот поради силниот ветер, а животните биле преместени во затворени простории.