Екипи на надлежните служби се уште се на терен и работат на санирање на штетите и враќање на електричната енергија во местата каде настанале дефекти поради невремето
Во доцните попладневни часови Белград го погоди невремен, со силен дожд, пропратен со електрични празнења, а невреме имало и во градот Шабац во Срем, каде паднале 30 литри дожд на метар квадратен.
Во дел од главниот град на Србија обилните врнежи од дожд предзвикале поплави и проблеми во сообраќајот.
На снимките кои се објавени на социјалните мрежи може да се види големо количество вода на коловозите во делови од Белград.
Како што пренесува РТС во дело од градот се појавил и гејзер среде улица.
Силен дожд вечерва го зафатил и Шабац, каде во пониските делови од улиците водата се задржала на коловозите. Поради дождот една трафостаница испаднала од системот, а неколку згради во населбата Бенска Бара останале без електрична енергија.
Екипи на надлежните служби се уште се на терен и работата на санирање на штетите и враќање на електричната енергија во местата каде настанале дефекти поради невремето.
Според српските медиуми, за половина час во Срем паднале 30 литри дожд на метар квадратен.
И за утре во Србија синоптичарите најавуваат претежно облачно време со дожд и грмежи.