Зиплајн од Музејот на современа уметност до Градски парк нема да има, бидејќи сите анализи покажале дека не може докрај да се гарантира безбедноста на граѓаните.
Ова го кажа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „360 степени“.
„Идејата беше од Музејот за современа уметност од Градскиот парк, да го вратиме Калето во фокус на граѓаните. Меѓутоа, сите анализи, заолжби и два тендера покажаа дека не можеме докрај да ја гаранитраме безбедноста на граѓаните и тоа е причината што се откажавме“,
рече Шилегов.
Тој додаде дека Градот не се откажува од авантуристички понуди кои ќе ги овозможи за граѓаните, тука ја спомена и вело-патеката на Водно, додаде дека таму ќе има и зиплајн.