Горан, братот на Мартин побара помош од добрите луѓе и од грчката влада да за продолжи потрагата
И по 10 дена, потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски е без резултати. Семејството на Мартин, кое учествуваше во досегашната потрага вели дека понатамошното барање значи и повеќе финансиски средства што тие не можат да си ги дозволат. Во видеото што го објави командантот на грчката спасувачка служба, Горан, братот на Мартин побара помош од добрите луѓе и од грчката влада да за продолжи потрагата.
Јовановски апелира до грчката влада потрагата да продолжи уште неколку дена со опремата која вклучува дронови, бродови, хеликоптери. Исто така, упати апел и до грчките граѓани кои имаат дронови да се вклучат во потрагата заедно со доброволците од Македонија и Грција кои заедно го пребаруваат морето.
„Јас и моето семејство сме заглавени во странска земја, не го знаеме јазикот. Не можам да си одам дома без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми дека треба да се одиме без брат ми. Затоа уште еднаш ја молам грчката Влада да ни помогне“,
вели Горан.
Во потрагата по Мартин, момчето кое исчезна во водите на Егејското море, во Посиди, Халкидики, се вклучени спасувачи од Волонтерската спасувачка служба ОФКАТ, како и питомци од Академијата за спасувачи.