Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот кога дрон удира во плажата во познато руско одморалиште, се случува експлозија, а во позадина се служаат вресоци

Оперативниот штаб на Краснодарската Област во Русија соопшти дека бројот на загинати при напад со дрон врз плажа во Архипо-Осиповка се искачи на седум лица, а меѓу загинатите има и три деца.
Во соопштението објавено на Телеграм, руските власти наведуваат дека 40 лица претрпеле различни повреди при нападот што се случил во близина на руското црноморско летувалиште Геленџик.
Во соопштението се вели дека, од повредените, 21 лице биле пренесени во болница, додека 19 лица биле амбулантски згрижени.
Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот кога дрон удира во плажата, се случува експлозија, а во позадина се слушаат вресоци.
Претходно, гувернерот на Краснодарската Област, Венијамин Кондратјев, на Телеграм изјави дека загинале шест лица, меѓу кои и три деца. Тој ја обвини Украина за нападот.
Украинската армија засега се нема огласено со коментар за инцидентот.
Инаку, популарноста на Архипо-Осиповка, во близина на Геленџик, дополнително се зголеми последниве неколку години бидејќи патувањата во странство за Русите се комплицирани поради санкциите и визните ограничувања па плажите се преполни со домашни туристи.
