Засега нема информации дали во моментот на пожарот имало некој во објектот, што е причината и колкава е материјалната штета
Противпожарни екипи претпладнево интервенираа на гаснење на пожар во сендвичара во скопски Чаир.

Како што може да се види од видеото што го сними екипа на „360 степени“ која во моментот на гаснењето се најде на самото место, се работи за киоскот „Бургер 9“ на главната улица.

Засега нема информации дали во моментот на пожарот имало некој во објектот, што е причината и колкава е материјалната штета.
