Според информациите од противпожарната служба нема повредени лица

Двокатен автобус на ЈСП доцна попладнево се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на „Раде Кончар“.
Пожарот избувнал во задниот дел на автобусот, каде што се наоѓа моторот и зафатил дел од инсталацијата. Меѓутоа, како што велат од Противпожарната бригада на Град Скопје, бргу било интервенирано и пожарот е изгаснат уште додека бил во почетна фаза.
Според информациите и од противпожарната служба и од МВР, нема повредени лица во пожарот.
„Од страна на УПС од полициската станица ‘Аеродром’ излезено на место на настанот при што е констатирано дека е опожарен автобус во задниот дел кај моторот. Од страна на Противпожарната служба пожарот е изгаснат, повредени нема“,
велат од МВР.
Дојавата за пожарот кај скопските пожарникари стигнала во 18:50 часот.