Иако на почетокот не сакале да ја пуштат во кафулето со пакетот, таа сепак ги убедила организаторите да и дозволат да донесе „подарок“. Откако Владлен ја ставил бистата на масата до него, дошло до експлозија во која тој загинал, а околу 30 луѓе биле повредени
Руските безбедносни сили ја уапсија Дарја Трепова, жителка на Санкт Петербург, родена во 1997 година, под сомнение дека го убила блогерот Владлен Татарски.
Според анонимни извори на кои се повикуваат медиумите, истражителите веруваат дека Трепова во кафулето донела кутија со биста во која имало експлозивна направа.
‼️На кадрах — девушка, которая в 17:25 принесла коробку со статуэткой со взрывчаткой военкору Владлену Татарскому
— Светалина (@yORNjKzE9aarGLY) April 2, 2023
Судя по всему, это и есть Дарья Трепова. Вход она нашла не сразу. Примерно через час прогремел взрыв. pic.twitter.com/8zdw1akNWS
Трепова на трибината со Татарски донесе биста од гипс и обоена во злато. Според првичните информации, бистата била наполнета со 200 грама експлозив и експлодирала на масата до Владлен.
Во кафулето таа наводно се претставила како Настја. Таа поставуваше прашања, се насмевна и му кажа на Татарски дека претходно му испратила разгледница, а сега како уметник решила да му подари скулптура.
Иако на почетокот не сакале да ја пуштат во кафулето со пакетот, таа сепак ги убедила организаторите да и дозволат да донесе „подарок“. Откако Владлен ја ставил бистата на масата до него, дошло до експлозија во која тој загинал, а околу 30 луѓе биле повредени.
Трепова непосредно пред експлозијата го напуштила кафулето и во меѓувреме била во бегство.
Сега на социјалните мрежи почна да се шири видео на кое наводно се гледа како Трепова ја испрашуваат.
„Дали разбираш зошто те приведоа?“, ја прашуваат на снимката. Таа одговара дека разбира. „Би рекла… затоа што се најдов на местото на убиството на Владлен Татарски“, вели таа. „Таму донесов фигура која експлодираше“, продолжува Трепова. „Кој ти ја даде?“, ја прашуваат, на што таа одговара со „Може ли подоцна да објаснам?“.
Russia detained Darya Trepova who is a suspect in the unexplained incident that led to the death of military correspondent Vladlen Tatarsky yesterday in St. Petersburg. She allegedly delivered the figurine which contained explosives to the cafe where Vladlen was holding a meeting… pic.twitter.com/MFZf0t8Sin
— Dmitri (@wartranslated) April 3, 2023