Се појавија и првите снимки од евакуацијата на жителите од Херсон. Рускиот медиум „Известија“ пренесува дека жителите чекаат транспорт за да преминат на другата страна на реката Днепар
Гувернерот на украинската област Херсон, Владимир Салдо, назначен од Москва по анексијата на регионот рече дека на цивилите им е забранет влезот веќе седум дена додека руските сили се подготвуваат за украинска офанзива.
Салдо објави дека властите планираат да евакуираат од 50 до 60 илјади луѓе од Херсон во следните шест дена поради украинската офанзива.
Тој додаде дека Русија има ресурси да го задржи Херсон, но дека ги евакуира цивилите на левиот брег на Днепар за „луѓето да бидат безбедни“ и да ѝ овозможи на армијата „одлучно да дејствува“.
Се појавија и првите снимки од евакуацијата на жителите од Херсон. Рускиот медиум „Известија“ пренесува дека жителите чекаат транспорт за да преминат на другата страна на реката Днепар.
BREAKING:
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 19, 2022
The forced deportations of Ukrainian civilians from Kherson by the Russian occupation forces has started.
The Russians say they will “evacuate” 60 000 Ukrainians within 7 days.
All they should do is to evacuate their own army back to Russia. pic.twitter.com/VVs94qe9mo
Рускиот претседател Владимир Путин за денеска свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разговара за „неутрализација на заканите по националната безбедност“, пренесе руската медиумска агенција ТАСС.
Според Скај њуз, се очекува Путин да зборува за ограничувањата на руските граници.
Последниот состанок на проширениот Совет за безбедност се одржа во мај.