„Спот“ е името на роботот куче кое е задолжено да се грижи за безбедноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп
Медиумските екипи стационирани пред Мар-а-Лаго, одморалиштето во сопственост на ново-стариот претседател на САД биле изненадени од глетката. Станува збор за најновата опрема на Тајната служба, робот-куче како патролира по имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Роботот е изработен од компанијата „Бостон дајнамикс“, која не изнесува детали за неговите карактеристики, исто како и Тајната служба. Од она што може да се забележи, роботот има камера и сензори, како и натпис кој вели „Не галете го“.

„Заштитата на новоизбраниот претседател е врвен приоритет“,
рече Ентони Гуглиелми, претставник на Тајната служба.
Заштитата на Донал Трамп по изборите на 5 ноември е на највисоко можно ниво. Тој и како претседателски кандидат имаше силно обезбедување, особено по неуспешниот обид за атентат летово кога беше погоден во уво.