Нема информации што довело до пукањето, ниту дали тоа се случило во куќата која била изнајмена
Најмалку три лица загинаа, а четворица се ранети во престрелка во Калифорнија рано утринава по локално време, пренесува Си-ен-ен.

Од полициската управа во Лос Анџелес потврдиле дека пукањето се случило по 2:30 часот на станбена улица северозападно од центарот на градот, во Беверли Хилс, луксузна населба во Лос Анџелес.
„Две од четирите повредени лица се префрлени со приватни возила во болниците, а две други се пренесени со брза помош“,
изјави портпаролот на полицијата.
Тој додава дека двајца од повредените се во критична состојба, а двајца се во стабилна состојба.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците пронашле пет жртви со прострелни рани. Тројца биле прогласени за мртви на лице место.
Полицијата вели дека од седумте застрелани лица, четворица биле надвор, додека жртвите биле во возило паркирано пред домот каде што била забавата.
Нема информации што довело до пукањето, ниту дали тоа се случило во куќата која била изнајмена.
Портпаролот на полицијата вели дека немаат информации за осомничените.
Ова е четврто масовно пукање во Калифорнија овој месец.