Приведен е 24-годишниот радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште, информираа од МВР, како што пренесува МИА.
„Во врска со случајот пренесен преку видео-снимка објавена на социјалната мрежа ‘Тик-Ток’, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „бмв“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска во 15 часот во полициска станица го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката“,
соопштија од МВР.
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) January 2, 2021
Младиот радовишанец, на 30 декември, околу 22 часот. на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.
По документирање на случајот, како што велат од МВР, против него ќе бидат поднесени пријави.
