Голем пожар утрово го зафати поранешниот Тутунски комбинат, односно индустрискиот објект „Македонија табак“, познат како Монопол во Тетово, а на снимките на социјалните мрежи се забележува како густ црн чад се издига над градот.
Според информациите на локалните медиуми, пожарот веќе е пријавен во противпожарната единица во Тетово и неколку нивни возила веќе се на терен.
Во околните населби е исклучена и струјата како мерка на претпазливост, а се гаснењето на пожарот е во тек.