Пожарот, кој сега е ставен под контрола, избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот
Пожарот што избувна утрово во катедралата во Нант во западниот дел на Францијa е ставен под контрола, јави МИА.
Во гасењето на пожарот се вклучиле 70 пожарникари, како што соопшти локалната противпожарна служба.
Катедралата „Свети Петар и Павле“ во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.
Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот.
Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со оган во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа.
Таа катедрала е исто така и седиште на епархијата во Нант. Прогласена е за историски споменик во 1862 година