Многубројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, информира гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул
Пожар избувнал синоќа во Капали чаршија во Истанбул, јавија турските медиуми.
Пожарот настанал во продавница за чанти и се проширил на покривот на покриениот пазар. Со интервенција на пожарникарите пожарот бил изгаснат.
Многубројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, информира гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот.
Капали чаршија во Истанбул е со вкупна површина од 31 000 квадратни метри и е еден од најстарите пазари во светот. Се протега на 64 улици, има 22 влеза и 3 600 продавници.