Гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на пожарот под контрола, велат од МВР
Пожар избувнал на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Пласница, информирале од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по што од Министерството за внатрешни работи (МВР) интервенирале и со хеликоптер.
Биле фрлени седум тони вода, но огнот сè уште не е изгаснат и гаснењето ќе продолжи и утре.
„Денес по пријава на Центарот за управување со кризи на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница, Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден хеликоптер од типот Бел 212 при што се исфрлени над 7 тони вода. Гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на пожарот под контрола“,
велат од МВР.
Од МВР велат дека хеликоптерската единица располага со три хеликоптери од типот „Бел“, а за да може успешно да се користи опремата биле спроведена меѓународна обука од словенечката полиција за носење подвесен товар и за гаснење пожари.