Најтешко била погодена најниската област Нови Винодолски, околу трговските центри Плодине и Томи, каде што поплавата се излеала од коритото. Патиштата биле поплавени, на некои сообраќајот бил блокиран
Силно невреме пропратено со грмежи денеска афати делови од Хрватска, особено Риека, Нови Винодолски, Малинска и Цриквеница.
Како што јавува хрватски Индекс, врнежи во текот на ноќта и утрото предизвикале големи поплави во Нови Винодолски, а пожарникарите се на терен и им помагаат на поплавените. Невремето го зафати подрачјето на Нови Винодолски и околината, но и Цриквеница и северниот дел на Крк.
Најтешко била погодена најниската област Нови Винодолски, околу трговските центри Плодине и Томи, каде што поплавата се излеала од коритото. Патиштата биле поплавени, на некои сообраќајот бил блокиран.
Пријави за проблеми поради дожд стигнуваат и од другите делови на земјата, информира Индекс.
На социјалните мрежи беа објавени и видеа од возила кои се обидуваат да се пробијат низ надојдената вода.
Инаку, во петокот беше активиран портокалов метео аларм за регионот на Риека, што укажува на опасно невреме, додека жолт аларм е активиран за остатокот од земјата, освен за Осиек.