Пристаништата со контејнери во Југоисточна Европа стануваат сè поранливи на трговија со недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал
-Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локални криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до морето, вели главниот автор Руџеро Скатуро
Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до ден
денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се
надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и
Црното море.
„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц “,
изјави коавторот Волтер Кемп.
Големите заплени на кокаин – обично задскриени во кутии со банани – во пристаништата како
Драч (Албаниа), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвикaа сомнеж дека
пристаништата во Југоисточна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе.
Овие констатaции oдат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца
(Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на
цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).
Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во
регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените
техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните
ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.
„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел
вели главниот автор Руџеро Скатуро.
од пошироки транснационални мрежи … Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локални криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до морето. Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските пристаништа попривлечни за бизнисот – законски и незаконски. Затоа е важно да се подобри безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите за спроведување на законот долж поморските балкански рути“,
Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа е
подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата,
усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и ЕВРОПОЛ, и билатерална помош.
Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се
поништуваат поради корупција. Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав од нелегална трговија.
„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради
вели Кемп.
потенцијалот за шверц на гориво.Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална соработка со главна цел а таа е за спроведување на законот“,
Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу управителите на
пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на
нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.
Инаку, Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (ГИ-ТОК) е мрежа на професионалци кои работат против нелегалната економија и криминалот.