Плоштадот во Охрид е под вода се гледа на видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Од утрово Охрид го зафатија силни врнежи на дожд, а се поплавени дел и од улиците низ центарот на градот.
https://t.co/UvO2dCHGQT pic.twitter.com/VI8OgcVyRJ
— СамоМоја (@samomojaa) August 5, 2020
Од УХМР најавија дека од денеска па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата.
Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.
„Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава“,
информира УХМР.