На социјалната мрежа Икс беше објавено видео на кое се гледа споредба на областа пред и по пожарот. На едната страна се прикажани улиците на Пацифик Палисадес на Гугл стрит вју, додека на другата страна се прикажани снимки од тие улици по пожарот
Пет лица загинаа, а повеќе од 1 000 згради се уништени во пожарите што беснеат низ Калифорнија. Повеќе од 130 000 луѓе беа евакуирани.
Ураганските ветрови разнесуваат жар низ воздухот, а огнот голта блок по блок. Вкупно шест пожари се регистрирани досега од брегот на Тихиот Океан до Пасадена во внатрешноста, а повеќето од нив се надвор од контрола.
BEFORE VS AFTER L.A. FIRESpic.twitter.com/ydc84qKSPF
— DramaAlert (@DramaAlert) January 8, 2025
На социјалната мрежа Икс беше објавено видео на кое се гледа споредба на областа пред и по пожарот. На едната страна се прикажани улиците на Пацифик Палисадес на Гугл стрит вју, додека на другата страна се прикажани снимки од тие улици по пожарот.
Вгнезден во ридовите со спектакуларни погледи на океанот, Пацифик Палисадес е една од најскапите населби во земјата со типична куќа проценета на 3,7 милиони долари од крајот на 2023 година. Дом е на многу филмски, телевизиски и музички ѕвезди кои беа принудени да ги напуштат своите домови.
Џејми Ли Кертис, Џејмс Вудс, Марк Хамил и Марија Шрајвер се меѓу познатите личности кои беа принудени да ги напуштат своите домови. Шрајвер, новинарка и поранешна прва дама на Калифорнија додека беше во брак со тогашниот гувернер Арнолд Шварценегер, го опиша разорниот размер на уништувањето.
„Нашето маало го нема целосно. Пожарникарите даваат се од себе, но овој пожар е огромен и надвор од контрола“,
напиша таа на Икс во средата.
Вудс, два пати номиниран за Оскар и трикратен добитник на наградата Еми, раскажа како побегнал од својот дом во Пацифик Палисадес додека пламените јазици гореле „како пекол“.
I took this last night from our beautiful little home in the Palisades. Now all the fire alarms are going off at once remotely.
— James Woods (@RealJamesWoods) January 8, 2025
It tests your soul, losing everything at once, I must say. pic.twitter.com/nH0mLpxz5C
„Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“,
рече тој.
Уште еден пожар избувна синоќа во познатата населба Холивуд Хилс и делови од населбата мораше да се евакуираат. Ова ги приближи пожарите до центарот на градот. Противпожарните авиони и хеликоптери се во постојана употреба за да се спречи ширењето на пламенот во густо населената холивудска населба.