Претходно беа одржани посебни седници во четири општини на северот на Косово на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција
Почна протестот на косовските Срби. Граѓани во северниот дел од Митровица протестираат поради одлуката на Приштина за пререгистрација на возилата и промената на командирот на Косовската полиција за регионот Север, Ненад Ѓуриќ, пишува „Радио контакт плус“.
Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите.
Претходно беа одржани посебни седници во четири општини на северот на Косово на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција.
На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците.
Со ова претставниците на четирите локални самоуправи на северот на Косово почнаа да ги спроведуваат одлуките и заклучоците што беа донесени на саботната седница на политичките и институционалните претставници на Србите на Косово.