Точно во 12 часот и само неколку стотини метри зад „Парадата на гордоста“, од пред црвката „Св.Богородица“ почна и маршот „Сведоштво за семејството“. Поворката ја предводеше музичар на традиционален тапан а зад него, во првите редови, трансапрентите ги носеа деца.
Меѓу учесниците на маршот, освен обични граѓани, можеа да се забележат и значителен број на свештени лица, калуѓерки, членови во црковни хорови.
Отец Ивица Тодоров, кој е еден од организаторите на маршот, за МИА изјави:
„Во духот на заштита на вредностите на бракот и семејството како граѓани и верници сме тука да го засведочиме највредното за нас. Нашата порака пред се е до луѓето кои ги носат одлуките во државата, сегашната, но и идните власти, како и до целата македонска јавност дека најголем процент од верниците не го прифаќаат процесот што треба да доведе до редефинирање на тоа што е брак, семејство, пол и род. Ние се спротиставуваме на таа идеологија и поучени од случувањата на запад и страшните последици кои ги гледаме таму, се залагаме тоа да не пушти корени во нашата држава и општество“,
изјави за МИА, отец Ивица Тодоров.
Дел од атмосферата на маршот „Сведоштво за семејството“ можете да погледнете во галеријата подолу.




