Ја проверивме основаноста на лажните и конспиративните наративи за 5Г-мрежата и наводна поврзаност на коронавирусот.
Бевме на терен за да проверивме дали умираат птици во Боговиње и дали нема штркови во Чешиново-Облешево, како што се тврдеше во средината на април.
Заклучокот е дека нема ништо невообичаено или необјасниво. Но, лажните наративи и понатаму се присутни во јавниот простор, а најчесто ги лансираат портали кои или се регистрирани надвор од земјава или имаат нејасна сопственичка структура.