5 цивили го загубија животот, а 17 се повредени во руските напади на градот Херсон, тврдат украинските власти. Според извештајот, врз градот биле извршени 74 напади во текот на изминатиот ден, а во нападите е повредено и 6 годишно девојче која е во критична состојба и се бори во живот во болницата во градот.
Шефот за воена администрација на Херсон, Јарослав Јанушевич на телеграм напиша дека нападите траат цел ден а погодени се неколку клучни инфраструктурни објекти
” Непријателот ги нападна населбите во Херсон каде што живеат цивили. Бевме сведоци на 36 напади, во кои беа погодени градинки, училиште, болница, продавници, фабрика, куќи и згради”,
напиша Јанушевич.
Зеленски ги осуди нападите како акт на терот и порача дека истите служат за заплашување и лично задоволство на Русите. Инаку, во синоќешното видео-обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги предупреди своите сограѓани за можни руски напади за време на претстојние христијански празници.
Тој ги повика Украинците да бидат внимателни во деновите кои следат и им порача да ги слушаат сигналите за опасност од возухот и да си помагаат едни на други доколку има потреба за тоа.
„Со наближувањето на празничната сезона, руските терористи би можеле повторно да станат активни. Тие ги презираат христијанските вредности“,
вели Зеленски.