Во синоќешното видео-обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги предупреди своите сограѓани за можни руски напади за време на претстојние христијански празници. Тој ги повика Украинците да бидат внимателни во деновите кои следат и им порача да ги слушаат сигналите за опасност од возухот и да си помагаат едни на други доколку има потреба за тоа.
„Со наближувањето на празничната сезона, руските терористи би можеле повторно да станат активни. Тие ги презираат христијанските вредности“,
вели Зеленски.
Во последните неколку недели од украинскиот врв доаѓаа постојани предупредувања за можни нови ракетни напади врз критичната инфраструктура и енергетска мрежа во земјата.