Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман
Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во кампањата на Српската напредна странка предводена од Александар Вучиќ, активно е вклучен и првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ.
Антиќ беше присутен на митингот на Вучиќ во Врање и притоа доби пофалби од претседателот на северниот сосед.
Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман, а во пораката за поддршка споделена од Вучиќ вели:
„Како што се во кошарката навивачите наша сила, во политиката е народот. И го чуваме грбот на Аца (Александар Вучиќ н.з). Јас сум Перо Антиќ, поранешен кошаркар, сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Се гледа што работат Вучиќ и луѓето од Владата, дека се помага, дека се инвестира во спортот, во инфраструктура, така што нема зошто да не го поддржиме ние тоа. Кога е стресот во прашање, тука е и тимот. Тимот е секогаш тука да те крене во вистинскиот момент, така што тој е капитен, а неговиот тим го следи. Ништо друго, одиме понатаму и секако на 17ти знаеме што треба да направиме. Погодете во вистинскиот кош! Гласајте за вистинскиот! Србија не смее да застане! Александар Вучиќ“.