Авиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП
Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, во близина на градот Сао Паоло.
Авионот кој се движел кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во државата Сао Паоло се урна во градот Винхедо, недалеку од Сао Паоло. Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот.
Авионот удрил во неколку куќи кога паднал, јавува Си-ен-ен.
🚨 Reports confirm a plane with 58 passengers and 4 crew members crashed in Vinhedo, Brazil pic.twitter.com/HGM3TQ0e7F
— Anadolu English (@anadoluagency) August 9, 2024
Пожарникарите потврдиле дека авионот паднал во Винхедо, но не дале дополнителни детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.
Бразилската телевизиска мрежа „Глобо њуз“ прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од наводниот труп во станбена зона полна со куќи.
Авиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП.
Дополнителни снимки на „Глобо њуз“ покажуваат како авионот паѓа вертикално надоле, додека се врти спирално.
Veja fotos do avião que caiu em Vinhedo, no interior de São Paulo, nesta sexta-feira (9). 62 pessoas estavam a bordo da aeronave.
— GloboNews (@GloboNews) August 9, 2024
➡ Assista ao #Estúdioi: https://t.co/bFwcwLpLU9 #GloboNews pic.twitter.com/MxxAAkvXvI