Првиот снег почна да паѓа на Стара Планина во Србија на надморска височина од 1 500 метри, пренесува РТС. Снежни наноси се забележани и на Копаоник.
Според РТС, во тек е формирање на мала снежна покривка. Српскиот метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ за српските медиуми изјавил дека снег се очекува и во текот на ноќта на повисоките планински места во Србија.